Заедницата е центар на црковниот живот; бракот и фамилијата притоа добиваат многу големо значење.
Врз основа на примањето на Светиот дух и постанувањето на Божји деца, ние новоапостолските христијани стануваме меѓусебно "браќа" и "сестри" и така и си се обраќаме едни на други. Во тоа се изразува внатрешното меѓусебно поврзување. Ова се покажува и во меѓусебното почитување и меѓусебниот обзир на едни кон други. Нам – луѓето од различно потекло и образование, со различни интереси и од различни средини – не спојува заедничката верска цел: да живееме според редот на вредноста, кое што произлегува од десетте заповеди, и да земеме учество во повторното враќање на Исус Христос.
Во централна точка на нашиот живот на заедницата стои посетувањето на Богослужбите, како и понудата за индивидуално душегрижништво. Суштествен составен дел на нашата заедница е живото заедничко делување на стари и млади, здрави и болни, сиромашни и богати. Така се доживува учество и во радоста и во тагата на секој поединечно.
Заедничкото делување во нашата заедница, во која што приближно 60 проценти од нашите верници земаат учество, е многустрано. Членовите на нашата заедница:
- учествуваат во хорот и оркестрите на богослужбите и организираат приредби со црковна музика
- ја одржуваат црковната зграда и надворешните површини чисти и се грижат за цветниот декор во црквата
- работат како вероучители на децата
- ги посетуваат и се грижат за членовите на црквата кои што се болни, со посебни потреби или во години
- сведочат за својата вера и покануваат луѓе за да ги доживеат понудите на црковната заедница.
Секако дека излетите и прославите не смеат да недостасуваат во активната заедница.
При секој ангажман важи основното правило: се е доброволно и врз основа на сопствено убедување – и се е за чест на Бога!
|