Десетте члена на вероисповед
Прв член на вероисповед: Верувам во Бога Отецот, семоќниот Создател на небото и земјата.
Втор член на вероисповед: Верувам во Исус ристос, еднородениот Божји Син, нашиот Господ, кој бил зачнат од Светиот Дух; роден од девицата Марија; мачен од Понтиј Пилат; распнат; умрел; бил закопан; влегол во царството на мртвите; воскреснал од мртвите; се вознесол на небото; седи на десна страна од Бога; семоќниот Татко, од каде Тој повторно ќе се врати.
Трет член на вероисповед: Верувам во светиот Дух, света апостолска црква, заедницата на светите, проштевањето на гревовите, воскресението од мртвите и во вечен живот.
Четврт член на вероисповед: Верувам дека Господ Исус ја управува својата црква преку живи апостоли до Неговото повторно враќање, дека Тој ги пратил своите апостоли и се уште ги праќа со налогот да поучуваат, во Негово име да ги проштеваат гревовите и да крштеваат со вода и Свет Дух.
Петти член на вероисповед: Верувам дека сите носители на служби во Христовата црква се избираат и се поставуваат во служба од апостолите и дека од Христовата апостолска служба мора да произлегуваат целокупните дарови и сили, за да заедницата опремен со нив стане читливо Христово писмо.
Шести член на вероисповед: Верувам дека светото крштевање со вода е составен дел од повторното раѓање, а крстеникот со тоа стекнува право за примање на Светиот Дух. Освен тоа крштевањето е сојуз на добра совест со Бога.
Седми член на вероисповед: Верувам дека Светата вечера е воспоставена од самиот Господ з спомена на еднаш донесената, полноважечка жртва, на горкото страдање и умирање на Христос. Достојното уживање во Светата вечера ни гарантира животно заедништво со Исус Христос, нашиот Господ. Се слави со непотквасен леб и вино; и двете мора да бидат благословени и подарени од страна на свештеничката служба на црквата.
Осми член на вероиспосвед: Верувам дека оние, кои се крстени со вода мораат да го примат Светиот Дух од еден апостол за да станат Божји деца, со што како делови се вградуваат во телото на Христос.
Деветти член на вероисповед: Верувам дека Господ Исус сигурно ќе се врати, како што и се вознесол на небото, дека сигурно ќе ги преобрази и земе кај себе мртвите во Христос како и живите невестински души, кои се надевале и подготвувале за Неговото доаѓање. Верувам дека по свадбата на небото со нив ќе се врати на земјата, ќе го воспостави своето царство на мирот и дека тие ќе владеат со него како кралеви и вештеници. По завршувањето на царството на мирот Тој ќе го одржи крајниот суд, каде сите души, кои не учествувале на Првото воскресение, ќе го добијат својот дел, според тоа како делувале, било добро или лошо.
Десетти член на вероисповед: Верувм дека сум обврзан на послушност на световната власт, доколку не се противи на Божјите закони. |