Содржината на учењето за верата на Новоапостолската црква е Евангелието на Исус Христос, онака како што е пренесено преку Светото писмо, и учењето на нејзините Апостоли.
На Богослужбите традиционално се користи библијата.
Исто како и во прахристијанството, во Новоапостолската црква делуваат Апостолите. Тие ги подготвуваат верниците за повторното враќање на Исус Христос, кое што е ветено во библијата (според Јован, поглавје 14, стих 3; Матеа, поглавје 28, стихови 19 и 20). А тоа се одвива со објавувањето на Евангелието како и со останатото душегрижништво.
Апостолите имаат добиено задача и целосно право за следниве работи, во името на Исус Христос:
- Да објавуваат простување на гревовите
- Да крштеваат со вода
- Да ја даваат дарбата на Светиот Дух ("Свето Запечатување") и
- Да именуваат носители на службата и да ги поставуваат на служба.
|