Новоапостолска црква
Македонија
На почеток Актуелности За нас Календар Нашите заедници   Контакт
За Новоапостолската црква
Црквата
Мисија и цели
Богослужби
Црквата во Македонија
 
Заедницата
За заедницата
Децата, младите и сениорите
Музика
Заедништво
Душегрижништвото
 
Три Сакраменти
Светото крштевање со вода
Светото запечатување
Светата вечера
 
Нашите активности
Фотографии од настани
Посети на Главниот Апостол
 
ЛОКАЦИЈА (мапа)
Богослужби:
    Недела: 10.00 ч.
    Среда: 19.30 ч.
 
Хор: Вторник: 19.00 - 21.00 ч.
 
ЗА НОВОАПОСТОЛСКАТА ЦРКВА

Новоапостолската црква настнала со повторното будење на апостолската служба. Працрквата, заедница што ја основал Исус, била апостолска, зошто ја предводеле апостоли. И самото име Новоапостолска црква зборува дека повторно е воспоставена првобитната апостолска црква. Новоапостолската црква е, значи спрема нашето верување вистински наследник на Працрквата.

Новоапостолската црква настанала во 19-от век од христијанско реанимирачко движење. Длабоките и понизни верници на Шкотска, Англија и Германија во почетокот на 19-от век почуствувале потреба од првобитната наука. Се молеле повторно да се излее Светиот Дух и за повторно апостолско послание. Господ ги услишал нивните молитви.

Според пророштвото од Светиот Дух биле повикани во текот на 1832 година првите апостоли и други црковни службеници. Првите заедници на новата апостолска вера настанале во Англија, и това во Албуриј и Лондон.

Главното седиште на Новоапостолската црква е во Цирих Швајцарија.

Новоапостолската црква како ден за одмор е неделниот ден. Верски празници кои ги празнува црквата се Божиќ, Велигден,  Вознесение Христово и Духовден.

Новоапостолската црква издава месечни списанија “Наша Фамилија”.

Најважни верски обреди во Новоапостолската црква се Богослужбите кои се одржуваат секоја Недела во 10 часот и секоја Среда во 19,30 часот.

На чело на Новоапостолската црква се наоѓа Главен Апостол испод Главниот Апостол се Околиските Апостоли потоа Апостоли, Бискупи, Околиски Старешини, Околиски Евангелист, Пастири, Евангелисти, Свештеници и Ѓакони.

Сите новоапостолски заедници заедно ја сочинуваат Новоапостолската црква на чије чело е Главен Апостол. Новоапостолските заедници на некоја земја или некој регион сочинуваат апостолска околија на чие чело е околиски апостол. Апостолите, бискупите и околиските службеници по налог на околискиот апостол, се грижат за доверените подрачја. Душевно-грижичката нега во секоја заедница му е доверена на еден предстојник кој има свестеничка служба. Нему му помагаат пониски службеници.

Новоапостолската црква нема верски училишта. Службениците се лаици,  не треба да поседуваат богословски школи. Својата душевна грижа ја извршуваат чесно и без плата. Душогрижниците на Новоапостолската црква се луѓе со различни занимања и од различни општесвени слоеви. Новоапостолската црква е политички неутрална и не се занимава со никакви политички активности. Нејзините богослужби се отворени за сите заинтересирани лица. Сите се добредојдени. Секој може слободно да ја проверува новоапостолската вера.

 
 
Станете ни пријател :
Бидете ни пријател
Линкови


  Наша фамилија

  European Youth Day
 

 
[ eXperti ]